Шпаркасе банка воведува нов производ – Промотивен депозит плус

Шпаркасе банка АД Скопје ја збогатува својата депозитна понуда со воведување нов производ – Промотивен депозит плус, со атрактивни фиксни каматни стапки, кои достигнуваат и 2,4% годишно за депозити на 36 месеци. Депозит плус е погоден за клиентите што се заинтересирани да штедат во денари на подолг период.

Станува збор за орочен депозит со гарантирана каматна стапка за целото времетраење на орочувањето на 24 и 36 месеци. Со овој производ, депонентите што ќе отворат традиционален депозит во денари добиваат 2,2% фиксна годишна каматна стапка за денарско штедење на 24 месеци, односно 2,4% за денарско штедење на 36 месеци. Кај Депозит плус постои можност за месечна и рочна исплата на камата, додека минималниот влог за отворање на овој депозит е 2.000 денари.

Промотивниот период на понудата е предвидено да трае до 20 септември.

Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

 Комерцијален текст

 

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе