Полни, патувај и добивај

Шкода за Петановски од наградната игра на Лукоил

Новата 2020 година почна среќно и бериќетно за Зоранчо Петановски од Скопје, кој е среќниот добитник на главната награда Шкода (ŠKODA KAROQ ) од наградната игра „Полни, патувај и добивај!“ на Лукоил Македонија.

На доделувањето беше присутен и Сергеј Баздникин, амбасадорот на Руската Федерација во Македонија.

„Лукоил Македонија е компанија која ги почитува и наградува своите лојални потрошувачи, а преку организирање на ваков тип на наградни игри ја изразува својата благодарност кон нив. Упатувам искрена честитка до среќниот добитник на главната награда и му посакувам многу убави патувања со својата нова ŠKODA KAROQ. Се надевам дека оваа вредна награда ќе донесе радост во неговиот дом и ќе биде поттик за откривање на нови дестинации, но и создавање нови среќни моменти“, изјави Андреј Куку, регионален управител на Лукоил Македонија.

Добитникот на главната награда, Зоранчо Петановски од Скопје, при подигнувањето на клучевите на својата нова ŠKODA KAROQ изјави: „Пресреќен сум. Мислам дека ова е еден од најсреќните денови во мојот живот. Редовно полнев гориво на бензинските станици на Лукоил Македонија, ги испраќав броевите од фискалните сметки и посакував да добијам барем некоја од поголемите награди, но дека ќе го освојам токму автомобилот воопшто не се надевав. Освојувањето на оваа вредна награда ме охрабрува да верувам во невозможното и во упорноста. Им се заблагодарувам на Лукоил Македонија за прекрасното возило”.

Амбасадорот Баздникин изјави: „Убеден сум дека компанијата Лукоил Македонија и понатаму ќе продолжи да игра важна улога на пазарот на Република Северна Македонија и ќе организира уште многу наградни игри преку кои ќе се наградува лојалноста на потрошувачите на Лукоил Македонија. Користејќи ја оваа прилика, ви ги честитам новата 2020 година и Божиќ и ви посакувам многу здравје, благосостојба, успеси и сè најдобро на сите вас и на вашите најблиски“.

Во наградната игра „Полни, патувај и добивај!“, во седум извлекувачки кола од 11 ноември до 30 декември 2019 година, беа наградени вкупно 148 верни корисници на Лукоил Македонија. Покрај главната награда, беа доделени кровни куфери за автомобил, ваучери за пневматици во вредност од 12.000 денари, Samsung Galaxy таблети, смарт часовници, ваучери за спортска облека од 3.000 денари, ваучери за гориво од Лукоил Македонија од 2.000 ден. и Лукоил масла.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе