Шел во Македонија

Корал фјуелс ДООЕЛ Скопје, како подружница на Корал (Coral S.A.), започна со работа со првите 2 бензински станици под брендот Шел (Shell) во Македонија. Компанијата е официјален сопственик на лиценцата за брендовите Шел во Македонија.

Матичната компанија Корал (поранешна Шел Хелас (Shell Hellas SA) работи во Грција од 1926 година. Со околу 750 бензински станици кои работат под брендот Шел, компанијата има удел на пазарот што надминува 23% и е лидер на пазарот во Грција. Корал ја поседува лиценцата Шел за пазарите Кипар, Србија и Хрватска. Компанијата има за цел да расте како регионален играч на Балканот, обезбедувајќи горива и услуги со врвен квалитет под брендот Шел.

Корал фјуелс влегува на пазарот во Македонија преку обезбедување долгорочни договори за лиценца на брендот Шел. Договорот вклучува поддршка и трансфер на “ноу-хау” поврзани со горивата, примена на нови технологии, воспоставување услуги и маркетинг со високи стандарди. Во пракса, целото истражување и развој на горивата што се одвиваат на глобално ниво, ќе бидат пренесени преку бензинските станици за да бидат од корист за потрошувачите во земјава.

Корал фјуелс има намера во следниот период да инвестира со планиран раст низ целата земја со отворање нови централно лоцирани бензински станици, преку кои ќе им обезбеди квалитетна услуга на своите клиенти. Корал фјуелс веќе работи со 2 бензински станици под брендот Шел кај Смоквица, на автопатот Пријателство близу границата со Република Грција.

Каи-Уве Витерштајн, генерален директор на пазарите со лиценца, Шел мобилити (“Shell Mobility”), изјави: „Јас сум пресреќен и горд што заедно со Корал ги носиме Шел брендираните бензински станици во Северна Македонија. Досега со Корал остваривме многу успеси на регионалните пазари и задоволни сме што продолжуваме да растеме со нив преку договорот за бренд лиценцирање за Северна Македонија. Овој долгорочен договор со Корал ќе му обезбеди на локалниот пазар висококвалитетни горива и масла на Шел, одлична услуга за клиентите и низа производи за секојдневна употреба, како и дополнителни услуги дизајнирани да ги задоволат потребите на сите возачи и други клиенти. Се надевам дека клиентите ќе уживаат во искуството при посетата на услужните бензински станици од брендот на Шел“.

Џорџ Хацопулос, генерален директор на Корал изјави: „Задоволни сме што можеме да им понудиме на потрошувачите во Северна Македонија врвни Шел горива, како и пренесување на глобалното знаење за развојот на производите и услугите. Постојаната новина искомбинирана со големата групација компании кои стојат зад оваа инвестиција, создаваат единствено партнерство во нашиот натамошен раст“.

Достапни во целата наша малопродажна мрежа од бензински станици се водечкиот диференциран бензин Shell Fuelsave Unleaded 95, безоловен бензин 98-октански V-Power и Shell Fuelsave Diesel.  Посебно дизајнираните продавници за секојдневна употреба и други специјални потрошувачки услуги, исто така ќе бидат наскоро достапни на пазарот.

Ерик Мано, менаџер во Корал С. Македонија, рече: „Нашите бензински станици се дизајнирани според највисоките стандарди за да обезбедат целосни решенија за возачите преку воведување новини, почитување на потрошувачите и активности за општествена одговорност“.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе