Шел ја отвори првата бензинска станица во Скопје

Шел по две години присуство на пазарот на Македонија, ја отвори првата бензинска станица во Скопје лоцирана на улица Борис Трајковски бр. 101, во населба Пинтија.

Корал фуелс ДООЕЛ Скопје, како дел од Coral S.A., почна со работа под брендот Шел (Shell) во Македонија во 2021 година и е официјален носител на лиценцата за Шел на локалниот пазар. Корал фуелс веќе работи со 2 малопродажни станици под брендот Шел во Смоквица, на автопатот Пријателство во близина на границата со Република Грција.

Шел продолжува со својот динамичен влез на македонскиот пазар, откако ја обезбеди лиценцата за брендот Шел преку долгорочен договор, кој вклучува поддршка и трансфер на знаење во однос на горивата, новите технологии, услугите и маркетингот. Во пракса, целокупното глобално истражување и развој на горивата е пренесено преку малопродажните станици во корист на потрошувачите на македонскиот пазар.

Корал фуелс има за цел да расте со насочени инвестиции и развој низ целата земја со отворање на нови, централно лоцирани малопродажни станици преку кои ќе обезбедува квалитетна услуга за своите клиенти.  

Водечкиот диференциран бензин Shell Fuelsave Unleaded 95, безоловен бензин 98-октански V-Power и Shell Fuelsave Diesel се достапни низ малопродажните бензински станици на Шел. Бензинската станица нуди и дополнителни содржини, ресторан, кафетерија, како и богато снабден маркет со широк асортиман на производи.

Матичната компанија, Coral S.A. (поранешен Shell Hellas S.A.), работи во Грција од 1926 година. Со приближно 790 малопродажни станици кои работат под брендот Shell, компанијата има пазарен удел кој надминува 30% и е лидер на грчкиот пазар. Корал ја поседува и лиценцата на Шел за пазарите  во Кипар, Србија и Хрватска.

Шел е глобален лидер во иновација и технологија со повеќе од 100 годишна експертиза. Компанијата постојано инвестира во унапредување на производите за да излезе во пресрет на сè поспецифичните барања на современите возила и индустриски капацитети. За да ја подобри деловната ефикасност и да ги намали емисиите на јаглерод, Shell развива повеќе опции за почиста енергија. Тоа подразбира напредни дизел горива и бензини, горива произведени од гас, биогорива,  обновливи горива и други продукти.

Бензинската станица во населба Пинтија работи 24 часа.

Комерцијален текст

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе