Шекеринска во Битола: Се реализираат капитални проекти, РЕК со рекордно производство

Со последните одлуки и на Владата и на Регулаторната комисија се покажа дека со домаќинско работење можно е да постигнете тројна цел и тоа електричната енергија да биде на располагање по исти цени за граѓаните, да го зголемиме домашното производство на електрична енергија на сметка на поранешниот увоз и третата цел, што ја исполнивме, е воведување на евтината тарифа на струјата, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. 

Шекеринска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски го посетија рударско-енергетскиот комбинат (РЕК) Битола, каде што имаа средба со директорот Васко Ковачевски.

„Сите овие три работи беа возможни само ако домаќински и професионално се работеше во електраните, а особено во клучната електрана која што го носи целото производство во нашата држава, а тоа е РЕК Битола. И затоа, многу важно е што покажавме дека ова е возможно. Возможно е да обезбедите иста цена која што ќе ја плаќаат граѓаните и фирмите, возможно е да им обезбедите и поевтина тарифа, а возможно е да продолжите да инвестирате во производството. Затоа, РЕК Битола има рекордно производство, затоа РЕК Битола успеа да обезбеди ниски трошоци при сето тоа и затоа еден дел од парите коишто останаа можеме да ги инвестираме во еколошки проекти. Здравјето нема цена и затоа рековме дека таму каде што е државата сопственик нема оправдување”, рече Шекеринска.

Таа најави дека се очекува до крајот на годината да има договор со кој целиот систем на заштита на животната средина ќе се модернизира и ќе бидат значително подобрени перформансите.

„Ако досега границата била 100 милиграми, сега таа паѓа на 20 милиграми и тоа овозможува производството да тече со намалено влијание негативно врз животната средина. Ова е рецептот што го користиме како Влада и ова е рецептот кој го бараме од менаџмент-тимовите низ цела држава. Ние и понатаму ќе продолжиме да даваме поддршка на ваквите политики. Тие се добри за комбинатот, добри се за електраните, меѓутоа, пред се и над се, се добри за граѓаните на оваа држава. Веќе нашата држава не дава толку пари само на увоз, туку главните пари ги концентрираме на сопствено производство кое што ни обезбедува подобра, поевтина струја, доволно електрична енергија на располагање, но и инвестиции во поздрава животна средина”, изјави Шекеринска.

Според директорот Ковачевски, менаџментот на РЕК Битола во измината година и половина посветил особено внимание на стабилизирање на системот за производство на електрична енергија, а тоа, подвлече, го покажуваат и резултатите.

„Во првите шест месеци од оваа година го имаме надминато планот за производство за 16 проценти, а исто така го имаме надминато и минатогодишното производство за истиот период за речиси 77 проценти. Во исто време имавме обврски и да ги намалиме трошоците за работа и можам со задоволство да кажам дека во првото полугодие од оваа година од предвидените средства сме заштедиле 650 милиони денари”, информираше Ковачевски.

Тој посочи дека истовремено ги завршуваат и инвестициите во РЕК Битола.

„Посебно да напоменам дека ги направивме ремонтите на Блок 1 и Блок 3 оваа година и престојува уште капиталниот ремонт на Блок 2 којшто ќе започне на 15 август. Со тоа ќе го стабилизираме производството и ќе го ставиме во систем, во функција комплетно РЕК Битола”, изјави Ковачевски.

Меѓу другото, информира дека во однос на постапката за реконструкција на електростатските филтри, завршена е првата фаза од евалуацијата на понудите.

„Од девет пристигнати понуди, седум продолжуваат во следна фаза и сметам дека на овој проект мора да посветиме особено големо внимание, тежок проект над 20 милиони евра, проект на кого не смееме да ги направиме грешките како во минатото кога се направиле со ревитализацијата на котлите, кога се дадоа парите, а не се постигнаа перформансите. Очекувам постапките да ги завршиме до крајот на годината, да имаме избран економски оператор и следствено на тоа следните три години по една година да ги правиме филтрите на секој од блоковите”, рече директорот на РЕК Битола.

Во тек е и уште една капитална инвестиција, истакна, а тоа е инвестицијата за разладната кула на Блок 2, вредна шест милиони евра, постапката е веќе при крај и од 15. август веќе ќе имаме изведувач.

МИА

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе