„Шанса за сите” - нова мерка за преквалификација на невработените според потребите на компаниите

Нова мерка „Шанса за сите“ која опфаќа преквалификација на невработените лица во согласност со потребите на стопанството предложија денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. 

Мерката, која треба да биде дел од Оперативниот план за вработување за 2019 година на Владата, беше образложена на информативната сесија на која присуствуваа и првите луѓе на стопанските комори, бизнис асоцијациите и други организации. 

Анѓушев појасни дека идејата е да се надмине еден од најголемите проблеми што ги имаат стопанствениците со недостатокот на кадар, а од друга страна да им се помогне на невработени лица со тоа што ќе им биде понудена шестмесечна преквалификација која ќе биде поддржана од државата. 

Анѓушев кажа дека потребно е да се прилагоди образованието на потребите на стопанството и посочи дека во одредени општини во Македонија има диспропорција на образованието на невработените со потребите на компаниите. Како пример посочи дека во една од општините има 12 невработени дипломирани географија или историја, а едно училиште каде е потребен само еден наставник. Јасно, е вели тој, дека другите 11 лица нема да се вработат во догледен период и дека треба да им се помогне да се преквалификуваат и својата среќа да ја најдат во Република Македонија. 

Предлогот е ниво на општини да се направат анализи за образованието на невработените, а компаниите да номинираат работни места. 

Според министерката Царовска, идејата е преку дијалог со бизнис заедницата да се креираат соодветни мерки со кои ќе се избалансира понудата и побарувачката на пазарот на трудот.

„Во 2019 година да дадеме шанса за сите оние кои имаат образование, а се без работа, да ги прилагодиме на фактичката состојба и да ги активираме на пазарот на трудот. Дебатата е што понатаму, а за тоа можете да ни кажете најдобро вие”, рече Царовска.

Оперативниот план за вработување, според неа, дал одлични резултати, а годинава буџетот за вработување е речиси двојно поголем од 2016 година.

Луиза Винтон, постојана преставничка на Програмата за развој на Обединетоте нации (УНДП), потенцираше дека УНДП, преку своите проекти со националните партнери, се фокусира како најбрзо и најефикасно да се пополни недостатокот од квалификувана работна сила.

Претставниците на стопанските комори и бизнисмените го поздравија предлогот на Владата потенцирајќи дека можеби не треба да се чека до 2019 година туку дека со преквалификација на кадарот треба да се започне веднаш. 

 

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе