Шахпаска: Законот за недела неработен ден е за заштита на правата на работниците

Законското решение што го усвои Владата, а предвидува недела да биде неработен ден односно ден на неделен одмор е дел од политиката на Владата за заштита на правата на работниците, вели министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.  

„Со ова решение ние ги штитиме правата и на тие работници што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, со тоа што превидуваме дневница поголема за најмалку 50 проценти и слободен ден во текот на слената недела”, вели Шахпаска во интервју за МИА. 

Таа додава дека се надева оти работодавачите со добар план и добра организација ќе го продолжат работниот процес без притоа некој да трпи некаква штета, а притоа ќе имаат позадоволни работници, кои ќе бидат попродуктивни.

Шахпаска објаснува дека со законот се штитат оние околу осум отсто од работниците, кои сепак ќе мора да работат во недела. За нив се обебзедува додаток на плата за работа во недела во висина од најмалку 50 проценти повеќе од дневницата што редовно ја добиваат, но и дополнително користење на слободен ден во наредните седум дена.

„За вработените во трговијата, каде што исто така има одредени исклучоци,  додатокот на плата е во висина од 100 проценти, значи двојно повисока дневница во недела. Вработените во трговските центри во недела ќе работат само една смена од 10 до 18 часот, со што исто така се ограничува, односно се намалува бројот на работниците што ќе работат во недела и исто така ќе добиваат слободен ден што треба да го искористат во наредните седум дена”, вели Шахпаска.

Според анализите на Министерството за труд и социјална политика, со овој закон се овозможува за 92 проценти од работниците во државата недела да биде ден на неделен одмор. Дејностите што се наведени како исклучоци се многу внимателно селектирани, само оние кои се неопходни за општеството, државата да функционира. Здравството, полицијата, социјалните служби, пожарникарите, комуналната дејност мора да работат во недела.

 

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе