Согледувања на Министерството за труд и социјална политика

Шахпаска: Ковид-кризата го зголемува бројот на лица под социјална заштита

Доколку продолжи корона кризата, догодина се очекува во системот за социјална заштита да влезат уште 6.000 семејства. Во системот моментно има 32.500 семејства што значи дека од февруари годинава кога биле 27.000, досега влегле нови 5.500 лица, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Оние самохрани родители што не успеаjа да аплицираат за поддршката од 6.000 денари, Владата ќе размислува да ги опфати во следниот период, со некоја нова мерка, најави Шахпаска.

„Ние не ставаме лимит, нема ограничувања, системот ќе биде отворен и ќе ги регрутира сите граѓани кои навистина имаат потреба да влезат како корисници на гарантирана минимална помош", рече министерката

Таа соопшти дека вкупно 5.700 самохрани родители треба да ја користат поддршката од 6.000 денари, проектирана во четвртиот пакет антикризни мерки.

„Околу 750 самохрани родители користат детски образован додаток или гарантирана минимална помош, но вкупно 5.700 ќе треба да ја искористат мерката. Рокот за аплицирање заврши, 10 дена имаше можност да се поднесуваат барања. За оние што не успеале да аплицираат, Владата ќе размислува во следниот период со некоја нова мерка да бидат опфатени", рече Шахпаска.

Според неа, зачувувањето на сите работни места и заштитата на ранливите категории граѓани е клучно за време на пандемијата.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе