Влада

Секој работник од 21.542 компании за април ќе добие по 14.500 денари, следуваат нови мерки

Се подготвува нов сет мерки за реконструирање и заживување на македонската економија и надминување на последиците од коронавирусот. Третиот пакет мерки, според најавите од Владата, ќе понуди директна поддршка и помош за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.

На сметките на 21.542 компании ќе легнат средствата од 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата како резултат на владината уредба за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати за април.

Од вкупниот број поднесени барања за оваа антикризна мерка, 2.377 се од угостителската дејност, 253 се туристички агенции (туроператори), 2.177 се од дејноста транспорт, 258 се од објекти за сместување, а 16.625 се од останатите дејности.

Можност да аплицираат имаа и самостојните вршители на дејност, и ним им се одобрени 5.840 барања за финансиска помош од 14.500 за исплата на плати за април.

Со дополнувањето на оваа уредба се овозможи околу 500 работници кои беа отпуштени да се вратат на своите работни места. На останатите, им останува правото за надомест заради изгубено работно место во определен број месеци соодветно на нивниот работен стаж и во висина од 50 отсто од просечната нето плата во последните 24 месеци, мерка што се спроведува преку Агенцијата за вработување.

Во тек е спроведувањето и на мерките Ковид 1 и Ковид 2 бескаматни кредити од линиите на Развојната банка на Северна Македонија, во вкупен износ од 13,7 милиони евра, кои што ги таргетираат микро, малите и средни претпријатија погодени од кризата.

Од линијата кредити Ковид 1 досега се одобрени вкупно 631 кредитни апликации за исто толку компании со 5.588 вработени.

За втората линија бескаматни кредити – Ковид 2, се примени околу 2.500 апликации. Повикот е објавен на 29-ти април, а ќе трае до 13-ти мај 2020 година.

Наскоро преку комерцијалните банки ќе биде пласирана и линија со исклучително поволни кредити во износ од 51 милион евра.

Зради ублажување на економските последици и одржување на ликвидноста на стопанството, овозможен е и брз поврат на ДДВ. Од почетокот на годината заклучно со април фирмите добиле поврат на ДДВ од 145 милиони евра, што е за 16,7 отсто повеќе во однос на претходната година. Само за месец април повратот на ДДВ кон компаниите е 38 милиони евра или за 23 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

На 5-ти мај заврши можноста за донација преку апликацијата МојДДВ. Околу 8.700 корисници на апликацијата одлучиле да го донираат својот поврат на ДДВ во вкупен износ од 9.529.917 денари кој ќе се уплати во фондот за справување со ковид-19.

Преземени се и мерки за помош на граѓаните во социјален ризик и за оние кои се дел од неформалната економија со релаксирање на критериумите и начинот на користење на правото за минимална помош и брз влез во системот на социјална заштита.

Во тек се преговори со Светска банка за нов проект за брзо дејствување против последиците од кризата предизвикана од ковид-19. Проектот е во износ од 90 милиони евра и се состои од две компоненти – првата компонента се однесува на зајакнување на здравствените капацитети, а втората компонента е за поддршка на домаќинствата и се однесува на обезбедување поддршка за трансфери за ранливи домаќинства погодени од последиците од коронавирусот и паричен надоместок за оние што ги изгубиле работните места како резултат на кризата.

За дополнителна поддршка на ранливите семејства е и мерката со која околу 30.000 домаќинства, корисници на социјална помош, добиваат по 1.000 денари енергетски додаток, освен за месеците април и мај, се до септември, односно и надвор од грејната сезона.

Дел од мерките се однесуваат и на адаптација на текстилната индустрија и на земјоделството. Со брзото прилагодување на ситуацијата за производство на лична заштитна опрема, текстилните компании го адаптираат производстовотo, па така извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема е речиси за 300 отсто поголем од април минатата година. Во овој период има и зголемен извоз на раноградинарски култури.

Од Владата истакнуваат дека и покрај подготовката на новиот сет мерки, остануваат активни и сите досегашни, и доколку биде потребно тие ќе се применуваат и понатаму.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе