Стопанска комора

Се зголемува поддршката од компаниите за пошироката заедница

Бројни компании се одзваа на апелот на Стопанската комора на Македонија да помогнат во рамки на своите можности во надминување на епидемијата на коронавирусот.

Компанијата „ЕВН Македонија“ донираше 200 илјади евра на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема и материјали за потребите на јавниот здравствен систем. Исто така, „ЕВН Македонија“ го донираше и приклучокот за електрична енергија за мобилната болница подигната во рамки на Клиничкиот центар во Скопје.

Материјалите и изведбата на хидроизолационата заштита на оваа мобилна болница во вредност од 15 илјади евра се донација на компанијата „Адинг“.

Компанијата „Окта“ донираше медицинска опрема во вредност од 50 илјади евра, при што набави медицински апарати посочени како неопходни од страна на Министерството за здравство.

„Лукоил Македонија“ донесе одлука да додели 15.000 литри гориво на Министерството за здравство, Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Црвениот крст на Македонија. 

Компанијата „Семос едукација“, во координација со Министерството за образование започна со бесплатна едукација на 1.200 наставници од основните и средните училишта во земјава. Се работи за едукација по пат на вебинар-сесии со кои се споделува знаењето и искуството на „Семос едукација“ за онлајн настава сé со цел на наставниците да им се олесни продолжувањето на наставата и децата да добијат  што подобро образование во вакви услови.

Компанијата „Бимилк“ изврши предвремено плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка во износ од 15 милиони денари. Дополнително, „Бимилк“ донираше и финансиска помош на Клиничката болница во Битола за набавка на медицинска опрема како и производи за помош на најранливите групи граѓани во Битола, помош која се дистрибуира преку Црвениот крст. 

Компанијата „Виталиа“ донираше пакети здрави производи и средства за набавка на заштитна опрема за вработените на Инфективната клиника, како и преку 500 кг оброци здрава храна за ранливите категории на граѓани. Исто така, компанијата „Виталиа“ изврши предвремено плаќање на данокот за добивка во износ од 3,5 милиони денари. 

Компанијата Моцарт бет обезбеди донација во парични средства во износ од 50 илјади евра, од кои досега се веќе донирани 15 илјади евра на Инфективната клиника во Скопје и 10 илјади евра на Општата болница во Куманово.

Печатницата „Киро Д. Дандаро“ од Битола обезбеди парична донација за потребите на Клиничката болница Битола за набавка на опрема и средства за заштита, согласно добиена спецификација од болницата за конкретните потреби.

Компанијата Ми-Да Гранд Моторс воведе бесплатна услуга при редовен сервис на возила од брендот Форд за сите здравствени работници, доктори и медицински лица.

Стопанската комора ги поздравува сите овие активности на бизнис секторот. Апелираме и до сите други компании да се придружат и во рамки на своите можности да дадат поддршка на пошироката заедница. 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе