Влада

Се укинува сметко-потврдата, доволна е фискалната сметка

Владата вчера го утврди текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со кој се укинува сметко-потврдата како задолжителен документ придружен со фискална сметка за промет до 6000 денари.

Според предлагачот, на тој начин во голема мерка се заштедува на време, хартија и на административна постапка.

Со предложениот закон, велат од Владата, се врши и зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари. Се пропишува и можност даночните обврзници кои се регистрирани за цели на данокот на додадена вредност да имаат право на одбивка на претходен данок со поседување на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари издадена согласно со Закон за регистрирање на готовински плаќања. Предложените законски измени ќе бидат испратени на усвојување во Собранието.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе