вторник, 16 април 2024

Невреме во Словенија, силни ветришта, град и снег (ФОТО)

Агенцијата за животна средина издаде портокалово предупредување за југозападот и централниот дел на Словенија поради силен ветер. За јужниот дел од земјата е издадено портокалово предупредување поради снежните услови. Температурите паднаа, некаде дури и за повеќе од 10 Целзиусови степени.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Заладувањето со студен ветер носи и бури во северна Словенија, а врнежите снег треба да засилат во текот на ноќта.

„Во појасот од Горењска до Корушка се очекуваат 30 до 60 милиметри врнежи. Во повисоките предели, над околу 800 метри, може да паднат околу 20 сантиметри снег“, објави Агенцијата за животна средина на Словенија.

Сообраќајно-информативниот центар предупреди дека зимската опрема е задолжителна и по 15 март во случај на снег на коловозите.

По попладневните и вечерните снежни услови е издадено портокалово предупредување за југоистокот и југозападот на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ