Вински карневал во Кавадарци

Се славеше грозјето и производите од грозје

Многубројни учесници од земјава и странство беа дел од Винскиот карневал во Кавадарци, кој се реализираше во рамките на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер”.

Низ централното градско подрачје продефилираа триесетина карневалски групи. Се славеше грозјето и производите од грозје.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и претседателот Ѓорѓе Иванов заедно со винските крал и кралица симболично го објавија чинот на берба на грозје, а млади девојки со нозе газеа грозје во голема бочва, за подоцна од него да се прави вино и ракија, како што тоа се правело во минатото.

Пред многубројните присутни беше претставен чинот на раѓањето на грозјето, домашното вино и тиквешката жта, џоломарите со страшните маски го избркаа злото од лозаровинарството, а кај многумина од учесниците преовладуваа зелената и жолтата боја, како симболика за зеленото море од лозја и плодното тиквешко сонце во најлозарскиот дел на Македонија.

Јанчев и Иванов посакаа бериќетни денови во лозаровинарството. 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе