Се подготвува инфраструктура за отворање на граничниот премин Маркова Нога

За што поскоро отворање на граничниот премин со Грција, Маркова Нога, интензивно се работи на подготовка на инфраструктурата, а во моментов се санира свлечиштето на  регионалниот пат Макази – Маркова Нога, за да се обезбеди поголема безбедност на граѓаните и туристите и подобри услови за интензивирање на прекуграничната соработка, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Санацијата на свлечиштето е проект вреден околу 1,8 милиони евра, а предвидена е санација во должина од 250 метри.

„Нашата Влада и Владата на Грција интензивно работат на заедничко отворање на граничниот премин Маркова Нога. Со санација на свлечиштето создаваме услови за тоа што поскоро да се реализира.  Досега се одржаа неколку работни состаноци и како што сум информиран патот од грчката страна е веќе тампониран, а ние интензивно работиме на уредување на патната инфраструктура од наша страна. Средствата за изградба и реконструкција на граничниот премин се веќе обезбедени преку Програмата за прекугранична соработка и во моментов работиме на обезбедување на техничките услови и изградба на квалитетна инфраструктура, со цел да овозможиме поинтензивна соработка меѓу пограничните општини и услови за локален економски раст и развој на туризмот“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов беше на увид во работите.

Според Китанов, градежните работи за санација на свлечиштето се одвиваат во неколку фази и со овој проект значително се зголемува безбедноста на патот и функционалноста на сообраќајот на делницата од Макази до Маркова Нога.

„Изминатата година, со комплетна рехабилитација и поставување на нов асфалт на делницата од раскрсницата до Ресен, решивме еден горлив проблем на граѓаните на општината. Но, не застанавме тука. Инвестициите во патната инфраструктура во овој регион продолжуваат, а безбедноста на граѓаните е наш приоритет. Во моментов, покрај санација на свлечиштето, во тек е проектирање на обиколница на Ресен, со што ќе го решиме движењето на товарните возила низ градот и во голема мера ќе придонесеме за зголемување на безбедноста на жителите на околните места и сите учесници во сообраќајот“, вели Китанов.

 

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе