Преку јавна набавка во компанија од Обединетото Кралство

Се печатат нови банкноти во вредност од 40 милијарди денари, нема ризик од инфлација, велат од НБРМ

Нема ризик од инфлација, станува збор за редовна и повеќегодишна замена на дотраени и уништени банкноти, велат за МКД.мк од Народната банка на нашето прашање зошто е нарачано печатење на банкноти во вредност од 40 милијарди денари (повеќе од 650 милионие евра) и дали станува збор за подготовка за период на повисока инфлација или заради печатење на пари со новото уставно име на Македонија. 

Народната банка кон крајот на минатата година склучила договор со фирма од Обединетото Кралство која треба да отпечати 20 милиони банкноти, секоја во апоенска вредност од по 1.000 денари, како и 10 милиони банкноти со апоенска вредност од по 2.000 денари. Фирмата „Де ла руе интернатионал лимитед" (De La Rue International Limited) работата ја добила од Народната банка со учество на јавно наддавање. Тоа што е интересно е што во барањето на Народната банка е наведено дека банкнотите треба да бидат идентични со сегашните, освен во името на државата, oдносно името на централната банка како издавач – Народна банка на Република Северна Македонија. И, дека треба да стои различен потпис на гувернерот на нашата Народна банка, имајќи предвид дека сега на чело на Банката е Анита Ангеловска-Бежоска. Банкнотите треба да пристигнат во земјава најдоцна во јули годинава.

Печатењето на новите банкноти, заедно со другите трошоци, земјава ќе ја чини околу 1,5 милион евра, односно 58.870.440 денари за банкнотите од по 1.000 денари и 30.644.625 денари за тие од 2.000 денари. Доколку некој сака тоа да го прочита на свој начин, ќе заклучи дека толку пари земјава ќе ја чини промената на уставното име и тоа само во делот на овие две банкноти. Станува збор за вкупно 40 милијарди денари колку што, народски кажано, во пари ќе вредат овие банкноти, или изразено во евра – над 650 милиони.

И прво што ќе се помисли е дека барањето за печатење на денари во износ од над 650 милиони евра е заради обврската од Договорот од Преспа за употреба на новото име на државата. Но, може да се помисли и дека станува збор за подготовка на поголеми суми на пари заради очекувана повисока инфлација од досегашната.

Но, од Народната банка велат дека не е така. На нашето прашање зошто беше распишано јавно наддавање за толкава сума на нови банкноти, од Народната банка нѝ изјавија дека станува збор за редовна замена на банкноти кои се или уништени или имаат оштетувања поради што се неупотребливи, но и дека новопечатените банкноти кога ќе стигнат во Банката нема веднаш да бидат пуштени во оптек.

„Во конкретниов случај, единствена причина е редовна набавка на пари за редовна замена на дотраените банкноти кога тие ќе бидат оштетени и несоодветни за оптек. Воопшто не станува збор за пуштање во оптек на поголема количина на пари и ризик од инфлација. Имено, станува збор за редовна повеќегодишна набавка на пари којашто се спроведува согласно извршените анализи и долгорочни проекции за животниот век на секоја поединечна деноминација на парите и редовна замена на парите коишто во текот на циркулацијата ги изгубиле своите карактеристики за соодветност за оптек", изјавија за МКД.мк од Народната банка.

Од централната банка велат дека станува збор за вообичаена количина која се набавува за надополнување на залихите и одржување на рамномерна застапеност на сите апоени во оптек.

„Согласно со извршените процени оваа количина ќе обезбеди непречена замена на оштетените банкноти на среден рок, во зависност од количината на парите кои што се повлекуваат како несоодветни за оптек", нагласија од Народната банка.

Инаку, компанијата од Обединетото Кралство, која е специјализирана за печатење на пари и каде многу земји ги печатат националните банкноти, и во минатото беше ангажирана од Народната банка на Македонија, па така пред четири години (декември 2016 година) таму беа отпечатени банкнотите од 200 и од 2.000 денари. На интернет страницата на „Де ла руе интернатионал лимитед“ се вели дека „Народната банка на Република Македонија по повод 70 години од својата активност издаде банкноти од 200 и од 2.000 денари со многу силна безбедносна заштита“.

Панта Џамбазоски

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе