Се обновува патот Маврови Анови-Жировница

Продолжија работите на целосна рехабилитиација на делница од регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Инвестицијата е вредна 6,18 милиони евра и претставува највреден инфраструктурен зафат во општината Маврово Ростуше.

Увид во работите на делницата Маврови Анови-Жировница во должина од 18,46 километри направија министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми.

Министерот Бочаврачски ги истакна заложбите на Владата за решавање на потребите на жителите од мавровско-реканскиот крај и за равој на туризмот во Мавровскиот регион.

„Маврово, но и Реканскиот дел е многу значаен регион каде е потребно да го развивме туризмот од сите аспекти но истовремено и да ги подобриме условите за живот на граѓаните. Нашите залагања и примарен фокус е да обезбедиме подобри услови во патната инфраструктура, исто така и во делот на комуналната инфраструктура, она за што сме надлежни се со цел да го подигнеме нивото на услуги што ги нуди регионот“, рече Бочварски.

Трасата на оваа делница е продолжение на веќе рехабилитираната делница Бунец–Маврови Анови која како проект ја реазлизира ЈП државни патишта.

„Предвидено е да се изведат повеќе градежни зафати, како што се еднослојна и двослојна надградба на сегменти од трасата каде што површинските оштетувања се поизразени. Нова коловозна конструкција на делови од трасата каде што коловозот е во лоша состојба, доградба и изведба на нови потпорни ѕидови. Со овој зафат предвидена е и санација на 8 мостови и други работи со кои ќе се подобри безбедноста на делницата“, рече директорот Рустеми,

Тој изрази задоволство од текот на работите и очекува изведувачот на работите ЈВ „ИСА 2000 – Пелагонија”, од Гостивар квалитетно и навремено да ја заврши доверената работа.

Министерот Бочварски по посетата потенцираше дека на територијата на општина Маврово Ростуше се завршени значајни инфраструктрни проекти како целосна рехабилитација на патот до Стража и понатаму до Кичево, дел од патот од Маврови Анови до село Маврово, реконструкција на патот од Маврово до Никифорово, а моментно се работи на патот до Жировница.

„Исто така активно се работи и на проектирање на изградбата на новиот автопат од Гостивар до Кичево, а веќе информиравме дека потпишавме Меморандум за изградба на патниот Коридор 8 токму овој дел како проект од стратешки интерес за државата“, нагласи Бочварски.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе