Во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи опаѓање од 6,4 проценти. Податоците покажуваат дека секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 3,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пад од 1,8 проценти.
Податоците на ДЗС покажуваат дека индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари до ноември 2021 година, во однос на периодот јануари до ноември 2020 година, изнесува 97,7.