Се изработуваат 200 илјади М-Смарт картички за ослободување од патарина на српските туристи

На три дена пред стапувањето во сила на владината одлука за ослободување од плаќање патарина за возила на српски туристи за време на летната сезона, сукцесивно се изработуваат предвидените 200.000 М-Смарт картички.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми за МИА вели дека се подготвени во секој поглед, организациски и логистички да одговорат на зголеменото движење и транзитирањето на сите учесници во сообраќајот домашни и странски возила кои ќе поминуваат на наплатните станици.

„На сите кабини на наплатните станици од Коридор 10, има читачи на електронски М-Смарт картички, видно обележани со портокалова рамка и  доволно е само да се доближи картичката за да се изврши отчитување и со тоа и да се наплати патарина со одземање средства од картичката. Сумата која е ставена како припејд кредит е пресметана сума за патарина за 1Б категорија (патнички возила) за наплатните станици од Куманово (Романовце) до Гевгелија во висина од 760 денари, надомест за патарина во двата правци. Но, со оглед на тоа дека електронската картичка М-Смарт Кард чини 100 денари, вкупната сума за изработка на картичка чини 860 денари. Веќе изработените М-Смарт картички ЈПДП ќе ги предаде на Министерството за внатрешни работи кое потоа ќе ги распредели на возила со српски туристи кои ќе поминат на ГП Табановце”, вели Рустеми.

Според него, анализата покажала дека употребата на М-Смарт картички е најефикасен начин да се одговори на Одлуката за ослободување од плаќање патарина за возилата на српските туристи. 

Во однос на тврдењата дека поефикасно ќе било одлуката да се спроведе така што само ќе се кренат рампите на патарините Рустеми укажува дека со тоа само ќе се создаде дополнителна гужва и нервоза на наплатните станици. Како што вели, ќе се прави огромен притисок на вработените, затоа што секое возило што поминува на наплатна станица ќе треба да се евидентира и тоа ќе резултира со создавање на колони.

Но, поради целата ситуација со пандемијата на ковид-19 поради која доцни проектот на имплементација на Електронската наплата на патарина на наплатните станици од Коридорот 8, М-Смарт картичките не можат да се употребат на патниот правец кон Охрид.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе