СДСМ: Сите во Европа ги затвораат електраните на јаглен, а Мицкоски најавува нова

Мицковски е нагазна мина и опасен по животната средина, додека цела ЕУ има јасна стратегија на затворање на сите електрани на јаглен, тој нуди отворање на нова во земјава. ВМРО-ДПМНЕ за 11 години на власт направија бројни катастрофални и апсурдни проекти кои сведочат за нивното криминално владеење. Такво сведоштво е и фасадата од 11 милиони евра на МЕПСО , која на еден поголем налет на ветер се сруши и беше потенцијален ризик по животот на граѓаните, реагира СДСМ на најавата на ВМРО-ДПМНЕ за отворање на нова термоцентрала во Малешевијата.

„Барокот , спомениците, рајските градини се проектите кои ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ за време на 11 години на власт, истовремено безмилосно расфрлајќи се со парите на граѓаните. Поскапување на струјата за 100%, укинување на ефтината тарифа и увоз на струја на вртоглави 38% Тоа се проектите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги реализираше за времето на владеење. Затоа денес не се чудиме ниту на апсурдните проекти кои им ги нудат на граѓаните, а се во насока на предизборни ветувања. Апсурдот на ВМРО-ДПМНЕ оди дотаму што додека цела ЕУ има јасна стратегија на затворање на сите електрани на јаглен и за 30 години целосно да биде укинато,  Христијан Мицковски предлага отворање на нова термоцентрала. Додека земјата се гасифицира и додека одиме на соларни панели, Мицкоски сака да ја враќа земјата назад во енергетска опасност.

Апсурдот на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и во тоа што предлагаат гасификација на Клинички центар , а изгледа забораваат дека таа е завршена и клинички е гасифициран.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја модернизирале РЕК Битола? Токму состојбата во  РЕК Битола во 2017 беше катастрофална, а еколошките процеси очајни. Денес, постапката за новите филтри во РЕК Битола е готова и за прв по после 40 години од монтирањето филтри, РЕК Битола ќе има нови.

Ќе се направи темелна реконструкција на трите филтри и замена на вентилаторите. Тоа значи дека за прв пат по инсталирањето на филтрите во 80-те години, во 2020 година оваа година, наесен ќе се врши целосна реконструкција на електростатскиот филтер на овој блок, 2021 и 2022 на другите два блока и од 2023 до 2025 ќе се  заврши и втората фаза десулфуризацијата. При тоа , обезбедени се 32 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ само потврдуваат дека кај нив ништо не се сменило, на граѓаните им нудат проекти кои се опасни за животната средина“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе