СДСМ се пофали со нови мостови на патиштата, првпат по 30 години

Директорот на Агенцијата за јавни патишта и член на ЦО на СДСМ Зоран Китанов информираше дека за 2,5 години се реахабилитирани и санирани, но и новоизградени десетици мостови, а во изминатите десетина години, според него, тие биле запоставен дел од патниот сообраќај. 

Споменувајќи го мостот на реката Вардар на патниот правец Неготино - Радовиш како пример за успешна санација, Китанов рече дека во 2018 година биле завршени, санирани и рехабилитирани мостовите на реката Вардар, кај Удово, кај Сарај, како и мостовите од Гостивар до Колари, кои по долго време чекање, биле завршени за само една година. Истата година се завршени мостовите од Кочани до Делчево, како и од Коселска кај Охрид.

„После 30 години, лани за прв пат во државата почнаа да се градат сосема нови мостови. Тоа се мостот на реката Луда Мара во Ваташа кај Кавадарци, кој беше во очајна состојба, е изграден пред време и веќе е пуштен во употреба, во моментот течат работите на мостот на реката Бабуна кај Чашка, кој е завршен 85% и наскоро ќе  биде пуштен во употреба, како и мостот на речата Пчиња кај Долно Коњари, чија изградба ќе заврши до крајот на годината”, соопшти Китанов.

За оваа година, како што рече, е планирана изградба и реконструкција на голем број мостови, за кои е во тек тендерска постапка, а минатата недела започнаа работите на мостови на Лакавица и на Кратовска река, истакна Китанов.

Наскоро се очекува да започне санацијата на челичниот Искрин мост на делницата Куманово-Свети Николе, кој е еден од најголемите во земјава, а привршува тендерската постапка за изградба, санација и реконструкција на мостовите на Чашка кај Лисиче, на реката Треска кај Македонски брод, Ратовица-Злетово, Виница-Берово, Лакавица-Неготино, како и кај Драгоманци на Пчиња.

 

 

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе