СДСМ: Продолжува грижата за земјоделците

Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со реализација на мерките што значат вистинска грижа за земјоделците. Во текот на вчерашниот ден, исплатени се 106 милиони денари кон 2.100 овоштари по основ на дополнителна субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка во преработувачки и откупувачки центри до 25-ти декември 2018 година, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Оваа интервентна мерка е донесена со цел да се покријат загубите на овоштарите заради проблемите што се јавија при откупот на јаболка во реколтата 2018, како и и да се ублажат последиците од временските непогоди во изминатиот период.

Паралелно со оваа мерка, се реализираат други мерки и политики што се во интерес на граѓаните.

Распределбата на картичките тече непречено и секојдневно, а досега поделени се околу 34 илјади картички, со вкупна расположлива сума од околу 88,5 милиони денари.

Како одговорна партија продолжуваме се спроведување на мерките што го враќаат достоинството кај земјоделците и го унапредуваат и развиваат земјоделството како клучна стопанска гранка“, соопшти СДСМ.

 

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе