СДСМ: По 35 години проектот брана на Отиња почнува да се реализира

Станува реалност проектот брана на река Отиња во Штип, вреден 7.5 милиони евра. Владата предводена од СДСМ ја поддржа реализацијата. Зборот важи! Проектот брана на река Отиња, кој граѓаните на Штип го чекаа 35 години конечно станува реалност.

„Како што најави премиерот Зоран Заев, Владата предводена од СДСМ ќе помогне во реализирање на овој капителн проект, вреден 7,5 милиони евра. Станува збор за изградбата на брана со вештачко езеро, со корисен волумен од 3 милиони метри кубни вода. За граѓаните на Штип ова значи реализација на уште еден важен проект, кој отвора нови можности за развој на градот и околината, особено во делот на туризмот, угостителството, спортот и рекреацијата а дополнително ќе штити од поплави.

Ова е нов проект кој централната и локалната власт предводени од СДСМ заедно го реализираат на територијата на општина Штип.

Меѓу проектите коишто заеднички се спроведуваат во интерес на граѓаните во изминатите 2 години се и: новата детска градинка во населбата Сењак, обновата на училиштето „Тошо Арсов“, изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, Штип-Кочани, на локалниот пат кон Кошево и Почивало, автопатот Миладиновци – Штип и многу други проекти“, соопшти СДСМ.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе