Сашка Николова нова претседателка на ИАБ Македонија

Медиа директорката на маркетинг агенцијата „Медиа план“ Сашка Николова е избрана за нова претседателка на ИАБ Македонија, здружението чија основна цел е развој и унапредување на дигиталниот адвертајзинг пазар.

Николова на позицијата доаѓа на местото на Борис Ефтимовски, сопственик на специјализираниот портал „Маркетинг365“ и професионалец од областа на маркетингот и односи со јавноста кој го предводеше здружението во изминатите две години. За нов потпретседател е избран Јане Бајалџиев  од „Хттпоол“, а за генерален секретар на здружението реизбран е Никола Анчевски од агенцијата „Oвејшн“ (Ovation).

На изборното собрание на ИАБ Македонија беше избран нов извршен и надзорен одбор.

Членови на новиот Извршен одбор, покрај претседателката Сашка Николова се и Јане Бајалџиев (Хттпоол), Никола Анчевски (Oвејшн),Борис Ефтомовски (Маркетинг 365), Дарко Лазаревски (Кајгана медиа), Ира Бабиќ (Бренд јунион), Ненад Ристевски (Паблицис Македонија), Стојче Ѓорѓиев (Факултети.мк) и Игор Поповски (ЦрноБело медиа).

 

За членови на Надзорен одбор се избрани Дамјан Дано (IT.mk/ИВМ Нетворк), Мери Шешо (Меккен Скопје) и Александар Манев (Фактор).

 

Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија е формирано во 2012 година од страна на најголемите македонски дигитални медиуми, маркетинг агенции и огласувачи и фукнционира под лиценца на американскиот IAB со седиште во Њујорк.

Некои од главните цели и активности на здружението се: промоција на индустријата и запознавање на јавноста со можностите и бенефитите од огласувањето на интернет; организација на семинари, трибини, конференции со теми од областа на дигитални медиуми; дефинирање на стандарди за огласување на интернет, како и справување со проблемите кои произлегуваат од индустријата.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе