Самсунг галакси З фолд2 стигна и во Македонија

Предводникот на третата генерација на телефони на преклоп, Самсунг галакси З фолд2 (Samsung Galaxy Z Fold2), од денеска може да се купи во Македонија. Станува збор за уред со софистициран дизајн, кој во потполност го менува обликот на иднината, благодарејќи на револуционерните перформанси на паметен телефон, стаклото кое што се склопува и батеријата која што трае цел ден.

Овој телефон е идеален за брзиот секојдневен живот и мултитаскинг, со никогаш поголемиот преден и импресивен главен, внатрешен екран.

Кога ќе се отвори, Z Fold2 има главен екран од 7,6 инчи. Меѓутоа, праќањето на електронска пошта или гледањето на омилената содржина е можно и без отворање на уредот, благодарејќи на Infinity-O Cover Screen екранот од 6,2 инча.

Искуството на корисниците со паметниот телефон како што е Z Fold2 достигнува сосема ново ниво, така што овој телефон на преклоп исклучително е погоден за секој кој сака мултитаскинг. Kамерите на овој уред, Pro Video, Single Take, Bright Night и Night Mode режими, на корисниците им овозможуваат да го овековечат секој момент на врвен начин.

Цената на овој телефон е 123.999 денари

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе