Анкета (2)

Само 20% граѓани се задоволни од економските кризни мерки, голем дел поддржуваат намалување на платите во јавниот сектор

По кризата предизвикана од економскиот застој поради коронавирусот, 38 отсто од вработените очекуваат намалени приходи. 35% од јавниот сектор се спремни солидарно да го поднесат товарот на економската криза преку намалување на нивните плати доколку за тоа има потреба, покажуваат резултатите од анкетата на МКД.мк што ја спроведе Маркет вижн.

Од репрезентативниот примерок од 1.200 испитаници, речиси половина од нив се вработени лица, а најголем дел од нив се вработени во приватниот сектор.

Голем дел од вработените, 38 отсто од нив, веќе имаат или очекуваат да имаат намалени приходи како резултат од кризата со ковид-19 во земјата. Најголем дел од нив се вработени во приватниот сектор.

Само 15% од вработените, а најголем дел од нив од приватниот сектор, стравуваат дека е многу веројатно да го изгубат работното место како резултат на кризата со коронавирусот.

Повеќе од 20 отсто од граѓаните се задоволни од мерките што Владата ги предложи за помош на економијата. Останатите се или незадоволни (45,4 отсто) или неинформирани (33,8%).

Над половина од граѓаните немаат доверба дека предложените економски мерки ќе бидат доволни да се спаси економијата. 13,8 отсто од испитаниците сметаат дека овие мерки ќе бидат доволни, а одговорот „не знам“ го заокружиле 34,4 отсто од испитаниците.

Голем дел од јавноста го поддржува предлогот за намалување на платите на сите вработени во јавниот сектор доколку за тоа има потреба. Поддршка на предлогот има кај повеќе од половина вработени во приватниот сектор и кај дури 35% од вработените во јавниот сектор.

Телефонската анкета беше спроведена од 28 април до 5 мај на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници. Анкетирањето беше спроведено со употреба на CATI метод - телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 6% (+-3%); интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол и возраст во однос на процените за населението од Државниот завод за статистика од 2017 година. Поради споредливост на резултатите, албанската популација во примерокот е застапена со 22%.

A.Д.

(Продолжува)

Анкета 1:Граѓаните се задоволни од справувањето на Владата со ковид-19

Објавено

Сабота, Мај 9, 2020 - 10:38

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе