Статистика

Само 1 % од жените земаат плата повисока од 40.000 денари

Од вкупниот број на вработени во земјава, 60,8% се мажи а 39,2% се жени. Најновите објавени податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дена се уште е присутен „економскиот јаз" по родова основа.

Податоците и од невладиниот сектор упатуваат на тоа дека иако работат исто – трудот на жените се вреднува за 18% помалку во однос на мажите, пишува неделната економска анализа на Порталб.мк. Во земјава од вкупниот број на работодавци, само 19,4% се жени.  Иако институционално се прават обиди за законска процентуална застапеност на жените во јавниот и политичкиот живот –  останува отворено прашањето колку и дали тие обиди даваат ефект.

Само 1 % од жените земаат плата повисока од 40 000 денари

Во земјава во 2017 година имало 290.387 вработени жени, или стапка на вработеност од 34,6 отсто додека бројот на вработени мажи изнесувал 450.261, односно стапка на вработеност 53,6%. Овие бројки покажуваат на сеуште присутната родова нееднаквост, се наведува во истражувањето на Државниот завод за статистика.

„Вработеноста во Македонија се карактеризира со многу неповолна полова структура. Оваа структура е непроменета во еден подолг временски период, пред сè, поради нестабилните економско-социјални услови во земјата и неусогласеноста на расположливите и потребните профили на пазарот на труд. Стапката на вработеност во Македонија во 2017 година кај жените изнесува 34,6 и е значително пониска во споредба со онаа кај мажите, која изнесува 53.6. Стапката на невработеност кај жените изнесува 21,8, а кај мажите 22,7. Стапката на активност кај жените е пониска и изнесува 44,3, а забележливо е повисока кај мажите и изнесува 69,3%”, се вели во публикацијата.

Од вкупниот број на работодавачи ( сопствена фирма) во земјава кој изнесува 128.714, 19,4% се жени а останатите 80,6% се мажи или на четири работодавачи од машки род , има само една жена.

Работодавачи по пол:

жени   24.997

мажи  103.717 

Секторски, жените доминираат во образованието, администрацијата, финансиските дејности, здравствената и социјална заштита, преработувачката индустрија.

Вработени според сектори (женски род): 

Дејности на здравствена и социјална заштита  76,95

Финансиски дејности и дејности на осигурување  65,8%

Образование 58,2%

Стручни, научни и технички дејности 53,0%

Преработувачка индустрија                           45,4%

Земјоделство шумарство и рибарство          38,3%

Трговија на големи и трговија на мало; поправка на моторни возила  43,9%

 

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна   31,3%

Исто работат – различно заработуваат

Од вкупниот број на вработени жени само 1 % или  2.979 вработени земаат плата повисока од 40.000 денари додека од вкупниот број  на вработени мажи , оваа плата ја земаат  9.284 или 2,1%. Големи разлики има и кај висината на платата од 25.000 денари до 30.000 денари, па така оваа месечна сума ја земаат 3,9% од жените а 5,2% од мажите. Од друга страна пак официјалните податоци покажуваат дека во  вкупниот број на вработени со високо образование, жените учествуваат со  51,7% а мажите со 48,3%. 

Пред 1 Мај – Денот на трудот, овие податоците не се оптимистички. Неодамна Центарот за истражување и креирање на политики објави истражување според кое трудот на жените е за 18% помалку вреднуван во однос на трудот на мажите. Загрижува податокот дека оваа разлика во висината на платите за исто работно место, позиција и сектор, пред девет години изнесувала 6,6 отсто а сега е тројно зголемена. Ваквиот тренд е загрижувачки за синдикалните организации.

„Истражувањето покажува дека жените главно се вработуваат на пониско платени работни места. Од секторите најмногу се присутни во образованието, здравството и текстилната индустрија. Во јавната администрација работат повеќе мажите”, изјави неодамна  Маре Анчевска од  СИЕР.

Во прилог на оваа состојба зборуваат и наодите објавени од  Сојузот на стопански комори според кои жените во преработувачката индустрија и трговијата земаат за 17,9 проценти помала плата за истото работно место како мажите, односно дека би морале да работат дополнителни 65 дена во годината за да ја остварат истата плата како и мажите, пишува неделната економска анализа на Порталб.мк. Во јавниот сектор се прават обид за почитување на принципот на родова застапеност а еден од последните примери за практицирање на принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на подеднаква родова застапеност беше во постапката за избор на претседател и на членови на Државната комисија, која воедно за прв човек доби жена – претседател.  

Процентуалното учество на жените и на мажите во вкупното население во нашата држава е речиси подеднакво, односно 49,9 проценти се жени, a 50,1 процент се мажи. Податоците укажуваат дека жените се подолговечни  односно живеат 3,8 години подолго од мажите т.е. 77,5 години, а мажите 73,7 години.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе