Рустеми: АД „Пошта" не може да ги обезбеди финансиските услуги и услугите на платниот промет за депонентите Еуростандард банка

„Поради неработењето на Еуростандард банка од денеска на шалтерите не можеме да ги обезбедиме финансиските услуги и услугите на платниот промет за многу граѓани и правни лица, како што се наплата на сметки за комунални услуги, наплата на сметки за струја, исплата на пензии, исплата на социјална помош и други банкарски услуги и безготовински платен промет за депоненти на Еуростандард банката“, истакна на денешната прес-конфернција генералниот директор на АД „Пошта Северна Македонија", Ејуп Рустеми.

Тој рече дека сите тие услуги АД „Пошта Северна Македонија" во својата мрежа ги обезбедува во име на Еуростандард банка и за истите наплаќа соодветен надоместок.

Како што може да се види од текстот на решението на НБРСМ проблемите во работењето на Еуростандард банка се резултат на преземениот висок кредитен ризик во нивното кредитно портфолио, а тоа во никој случај не е поврзано со услугите кои „Пошта" ги обезбедува на своите шалтери, нагласи Рустеми.

Генералниот директор на АД „Пошта Северна Македонија" информираше дека остварените приходи во првите шест месеци од 2020 години од тие услуги кои од денеска „Пошта" не може да ги обезбеди изнесуваат 110 милиони денари и претставуваат 19,4 отсто од вкупните остварени приходи на „Пошта".

„Во услови на пандемија беа значајни приходи за АД „Пошта на Северна Македонија", бидејќи здравствената криза придонесе да има огромен пад на приходите од поштенските услуги, најмногу на тие од меѓународниот поштенски сообраќај. Над 870 вработени во „Пошта" целосно или делумно извршуваат работни обврски поврзани со обезбедувањето на наведените услуги. Приходот остварен од наведените финансиски услуги обезбедува плата за околу 560 вработени во Пошта. Изразувам жалење за настанатата ситуација до сите граѓани и фирми корисници на нашите услуги со кои имавме одлична соработка во делот на наплата на нивните сметки или фактури“, потенцираше Рустеми.

Тој наведе дека АД „Пошта Северна Македонија" е во интензивна комуникација со Владата на РСМ како основач на „Пошти" и со НБРСМ како регулатор со цел изнаоѓање на брзо и прифатливо решение за сите, а пред се во интерес на граѓаните и фирмите кои досега ги користеле овие услуги на шалтерите на „Пошта".

„Ова би било и во интерес на Пошта за да не изгуби значителен дел од своите приходи. Останува да се надеваме дека целиот процес ќе заврши без последици за доверителите на банката“, заклучи Рустеми.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе