Росоманските овоштари загрижени

По руската најава за забрана, во ладилник чекаат 500 тони праски

Овоштари од Росоманско попладнево изразија вознемиреност по најавата на рускиот регулатор за безбедност на храна дека од 15 август ќе воведе забрана за привремен увоз на некои коскести плодови од Македонија и Србија поради загриженост за безбедноста. 

„Во моментов околу 500 тони праски чекаат во ладилникот, имаме најава за 20 камиони за утовар за Русија, но сега работата е стопирана. Ова се и последните количини на праска зашто бербата е при крај”, изјавил Владо Орданов од Росоман, еден од поголемите откупувачи на праски и сопственик на ладилник, јавува МИА.

Градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев вели дека во моментов бербата на последните сорти праски е при крај.

„За оваа година бербата на праските е при крај и сметам дека нема да се одрази негативно, но долгорочно ако се гледа не е добар потег”, додаде Јанев. 

Општина Росоман е најголем производител на праски во Македонија. 

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе