Како ќе се надмине енергетската криза

Рудници од пет земји и од Македонија нудат јаглен, ама не доволно за потребите на РЕК „Битола“

Девет компании кои работат со рудници од Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Турција и Русија доставиле понуди на тендерот за набавка на јаглен за РЕК „Битола" и за РЕК „Осломеј". Понудите за РЕК „Осломеј" ги исполнуваат барањата за потребните количини, додека за РЕК „Битола" во најкус можен рок повторно ќе биде објавен тендер, бидејќи понудите не ги исполнуваат целосно количините што се бараат.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска изјави дека се доставени пет понуди за РЕК „Битола" и осум понуди за РЕК „Осломеј". 

„Во прва фаза утврдено е дека за 'Осломеј' понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, и понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понудите. За РЕК 'Битола', понудите не ги исполнуваат целосно условите, односно не се нудат доволни количини на јаглен. Од тие причини АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК 'Битола' и повторно ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет“, изјави Ковачевски.

Тој најави дека следува евалуација во втора фаза, односно ќе се направи техничка, комерцијална и економска анализа, проверка на пробните количини кои треба да се достават, а потоа ќе биде донесена одлуката за избор.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе