Од сопствениците „Бучим“ и „Боров Дол“

Рударите од рудниците во Радовиш добија парични награди и признанија

Рудниците за бакар „Бучим" и „Боров Дол" во Радовиш синоќа го одбележаа Денот на рударите. Официјалната свеченост се одржа во новоотворениот рудник за бакар „Боров Дол“. Раководството на рудниците на сите свои вработени им доделија парични награди во чест на нивното залагање и посветеност, а на најдобрите рудари им беа врачени признанија и специјални парични награди за особен придонес меѓу двата празника.

Наградите ги доделија генералниот директор на рудникот „Боров Дол", Павло Кривинскиј и генералниот директор на рудникот „Бучим", Олег Чусовитин, нагласувајќи ја важната улога која рударите ја имаат во нашето општество.

„Секоја професија е почесна, но рударската професија заслужува посебна почит и признание. Без рударите немаше да имаме доволно електрична енергија или доволно греење, особено во денешно време кога овие работи се земаат здраво за готово, и никој не се прашува кој им го обезбедува сето тоа. Потребно е само да погледнеме околу себе и ќе сфатиме колку удобности од нашиот живот зависат од минералите извлечени од земјата. Рударите се причина што живееме лесно и удобно. Ви благодариме за се што правите за нас! На сите наши вработени и колеги во рударската индустријата, им го честитам нашиот професионален празник Денот на рударите и им посакувам здравје, среќа и благосостојба. Нека е за многу години овој празник. Среќно!“, рече Чусовитин.

Во обраќањето пред присутните, генералниот директор на рудникот Боров Дол, Павло Кривинскиј, истакна дека поради исцрпување на рудните резерви, наместо неизбежното целосно затварање на „Бучим" на почетокот на 2021 година е изграден и отворен „Боров Дол", со што се задржаа работните места, се создадоа нови работни можности и продолжи традиција на рударство.

„За релативно краток период, успеавме да изградиме современ рудник, развиен во согласност според сите стандарди кои обезбедуваат одговорно и одржливо рударството. Во изминатиов период сите заедно работевме неуморно и одговорно и не дозволивме рударството во овој крај да згасне. Сите вие стоите зад овој наш успех. Благодарност до сите вас, горди сме на она што заедно го постигнавме“, рече Кривинскиј.

Во чест на рударскиот празник, покрај свеченото доделување на наградите, на локалните општини Радовиш, Конче и Штип, на чија територија работат двата рудника, им доделија по 5.000 евра.

На големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, заштитничка на сите рудари, „Бучим" и „Боров Дол" обезбедија 4.000 евра за манастирот Света Богородица Пречиста во Кичево, за довршување на изградбата на почнатата манастирска чешма со покривање на кровот со бакар, со што на симболичен начин се поклонуваат пред заштитничката на рударите.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе