недела, 5 мај 2024

СДСМ: Го заштитивме и унапредивме македонскиот јазик

Со многу посветеност, труд и ентузијазам СДСМ ги исполни заложбите за заштита и унапредување на македонскиот јазик. На Денот на македонскиот јазик сите со гордост велиме: СДСМ го заштити и го унапреди македонскиот јазик. Сонот и аманетот на Блаже Конески се исполнети, владата предводена од СДСМ успеа да се избори за македонски јазик признат и потврден од сите, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Македонскиот јазик е на исто рамниште со сите јазици во Унијата. Македонскиот јазик во ЕУ, признат и потврден, еднаш, засекогаш.

Направивме историски исчекор, со сите 27 членки го потпишавме првиот документ со Европската Унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки. Службите на ЕУ вработуваат преведувачи за македонски јазик.

Со Законот за употребата на македонскиот јазик, СДСМ направи вистински потфат во унапредувањето на јазикот.

Од овој Закон произлегуваат многу важни иницијативи, меѓу кои и стипендирање ученици од четврта година средно образование и на додипломски, магистерски и докторски студии, со што се прави голем исчекор кон мотивирање на младите за проучување на македонскиот јазик.

Се отвораат нови работни места за лектори во институциите. Се преземаат  конкретни и суштински чекори за македонскиот јазик, за негова заштита.

На предлог на СДСМ денешниот ден е прогласен за ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога првата влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

СДСМ чувајќи го македонскиот јазик, како наша посебност, како наша татковина, ја зајакнува државноста и темелот на македонскиот идентитет“, соопшти партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ