Саем во Париз

Роботите на „Микросам“ изработени во соработка со НАСА можат да работат и во веслената

На најголемиот светски саем за композити, JEC World 2019, кој се одржува секоја година во Париз, македонската компанија „Микросам“ ги претстави своите најнови иновации за производство на современи композити. Најновото достигнување претставува производна ќелија за тродимензионално печатење во простор на современи композитни материјали со повеќе роботи. Ова е првпат во светот некоја фирма да постигне вакво техничко решение и со тоа „Микросам“ го привлече вниманието на голем број глобални фирми од повеќе индустрии.

Како резултат на двогодишна истражувачка работа на „Микросам“, Институтот за современи композити и роботика во Прилеп и фирмата „Џенерал атомикс аеронавигациски системи“ од Сан Диего, САД, идејата за производство на композити без алат се претвори во реалност. Идејата потекна од дискусии со НАСА и „Џенерал атомикс“ за изработка на делови во простор особено во вселена каде е речиси невозможно да се донесе алат. Инженерите од „Микросам“ и Институтот во Прилеп успеаја во изработка на комплексен систем со 2 роботи паралелно. 

Во системот се искористи технологијата на „Микросам“ за автоматско полагање на композитни траки, за која компанијата неодамна доби патент од германскиот завод за патенти. Еден робот полага композитен материјал, а друг робот се движи паралелно од другата страна на материјалот и игра улога на алат. За оваа технологија „Микросам“ совлада бројни предизвици, како што се прецизно и координирано движење на повеќе роботи во простор и обработка на термопластични композити.

Заедно со врвниот софтвер за дизајн, симулација и контрола на роботската ќелија, „Микросам“ поседува и врвни познавања во обработка на термопластични композити. Производите изработени од овој тип композити претставуваат иднина во авионската и автомобилската индустрија бидејќи термполастите се поеколошки, со можност за рециклирање, и со помош на ласер и прецизна обработка стануваат финални продукти без употреба на печка или други процеси како досегашните композити.

На саемот во Париз, посетителите изразија голем интерес во оваа нова технологија, но особено во технолошките способности на Микросам да излезе во пресрет на секакви идеи за унапредување на широката примена на современи композити. Меѓу фирмите кои пројавија интерес на директните средбите со Микросам се врвните светски производители на авиони, како Бомбардиер, Ербас и Боинг, врвни истражни институти, како Универзитетот за технологија од Џорџија, САД, Националниот Институт за Авионски Истражувања од Вичита, САД, и бројни добавувачи од прва категорија во светот.

Покрај оваа иновација, „Микросам“ ги претстави своите најмодерни машини со кои се произведуваат автомобилски резервоари за хидроген во електричните возила, компресиран метан, авионски делови и машини за композитни репроматеријали.

Со тоа „Микросам“ потврди дека е еден од најдобрите во светот во производство на индустриски роботи за индустријата на современи композити. Современите композити се материјали на иднината кои се користат во авио индустријата, во вселенските истражувања, ракетна индустрија, нафтена и енергетска индустрија и во последно време се пошироко во автомобилската индустрија, велат од компанијата. 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе