РКЕ: Во тек е постапка за одземање на лиценци на уште 4 компании за увоз на мазут

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира дека е почната  постапката за одземање на лиценци на трговците на големо на мазут и тоа за РКМ ДООЕЛ Скопје, Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје и Ли оил ДБ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци поради непоседување на оперативни резерви на мазут.

Овие неусогласености се констатирани и од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по извршениот инспекциски надзор.

За Евротим до РКЕ нема допис од инспекторатот, а Блу технолоџи и Ка-оил енерџи Кавадарци вршеле трговија на мазут без лиценца и за тоа се надлежни други институции, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Од РКЕ додаваат дека веднаш штом Државниот пазарен инспекторат ќе ги извести за наодите во однос на квалитетот на горивото по бензинските пумпи тие ќе одржат  седница и ќе донесат соодветни одлуки.

Досегашниот резултат од инспекцискиот надзор во компаниите кои работат со увоз на нафта и нафтени деривати покажал дека кај седум компании имало кршење на Законот за увоз на мазут и нафтени деривати.

Јавноста очекува институциите да ги заштитат потрошувачите и транспарентно и неселективно да го регулираат пазарот на нафта и нафтени деривати.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе