РКЕ: Парното ќе почне да грее од 3 часот наутро, сметките остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) го одобри дополнувањето на Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење на Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје (БЕГ) со кои се овозможува БЕГ порано да стартува со испорака на топлината во дистрибутивниот систем.

„На стартот на грејната сезона, БЕГ во неколку објекти изврши пробно тестирање преку оптимизација на испорака на топлинска енергија. Со новиот режим радијаторите уште од три часот изутрина пополека ќе почнат да се затоплуваат за да се постигне пропишаната температура од 6 до 22 часот. Оптимизираниот режим на испорака ќе овозможи да се зголеми квалитетот и комфорот на живеење. Пропишаната температура од 6 до 22 часот е загарантирана, а сметките ќе останат исти“, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Според него, новиот оптимизиран режим на испорака ќе придонесе за намалување на осцилацијата на внатрешните температури во објектите.

„Количината на потребната топлинска енергија ќе остане непроменета, бидејќи со зголемувањето на времето на испорака ќе се намали ангажираната моќност на објектите“, вели Бислимоски.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе