Според Секретаријатот на енергетската заедница со седиште во Виена

РКЕ најдобар регулатор во дел од Источна Европа

И за годинава, трета година по ред, Секретаријатот на енергетската заедница ја оценува со прво место македонската Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Од РКЕ информираат дека е прогласена за најдобар регулатор, заедно со регулаторот на Грузија, со 82 проценти покажани перформанси кон реформските процеси од седум мониторирани регулатори и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина.

Во извештајот Секретаријатот на енергетската заедница посочува дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) продолжува со докажување на голема посветеност кон енергетските реформи и регулаторната независност.

Во исто време се нотирани и притисоците кон РКЕ, односно, во извештајот се наведува дека независноста на Регулаторот беше изложена на притисоци по определувањето на цените за универзалниот снабдувач на електрична енергија.

„Горд сум на ова признание, кое е потврда за професионалноста, кредибилитетот и посветеноста на сите вработени во РКЕ. Признанието нотирано во извештајот од Секретаријатот на енергетската Заедница доаѓа во исклучителен комплексен период од здравствен аспект, кога светот се бори за секој човечки живот, а последици има и врз економското живеење кое се рефлектира и во енергетскиот сектор. Притоа, сигурната и стабилната испорака на енергенси е клучна и неа успевме да ја гарантираме. Благодарност до сите вработени, кои покажаа висока професионалност во спроведување на реформите преземени од ЕУ " изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во годишниот извештај Секретаријатот ја нотира законската обврска според која РКЕ треба да добие одобрување на годишниот план за вработување, како и да спроведува сложени процедури во однос на ова прашање, што го отежнува работењето на РКЕ со полн капацитет согласно преземените надлежности.

Секретаријатот од Виена нотира дека мрежните кодови за електрична енергија и гас се директно применливи врз основа на националното законодавство, но недостасува нивно транспонирање во националните мрежни правила. Сѐ уште не се утврдени критериумите за доделување на отстапувања од Мрежните Кодови, и не е воспоставена законската надлежност на РКЕ во однос на Регулацијата на Интегритетот и Транспарентноста на Енергетските Пазари (РЕМИТ - Regulation of Energy Market Integrity and Transparency). Претседателот Бислимоски во моментов е и Претседател на Одборот на регулатори тела на енергетската заедница, се наведува во соопштението од Регулаторната комисија.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе