Од шест на три месеци

РКЕ на трговци со мазут им го скуси рокот за обезбедување оперативни резерви

Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука да им даде двојно покус рок од максимално дозволениот на трговците на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, како и мазут - РКМ ДООЕЛ Скопје, Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје, Ли Оил ДБ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, да се усогласат со Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви. Во рок од 90 дена, трговците на големо со мазут мора да ги обезбедат потребните количините на оперативни резерви на мазут во своите складови, кои за секој трговец се пресметуваат по методологија утврдена во Правилникот

„Иако согласно Правилникот се дозволува рок од најмногу 6 месеци во кој компанијата ќе го усогласи своето работење со законските прописи, РКЕ го скрати овој рок и ги задолжи трговците на големо за 90 дена да достават доказ – записник од Државниот пазарен инспекторат дека ги поседуваат потребните оперативни резерви на мазут. Доколку по утврдениот рок некој од трговците не ги обезбедат резервите – ќе им биде одземена лиценцата за работа", изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Во првата фаза РКЕ ги извести трговците за постоење на причини за отпочнување на постапка за одземање на лиценци, по што во рок од 7 дена три од четири трговци на големо со мазут доставија одговор на нашето известување и тоа Ли Оил, Супертрејд и РКМ, додека Пертинакс не достави. Трговците на големо со мазут во одговорите објаснуваат дека Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви што Министерството за економија го донесе во април 2021 годинава е без период за прилагодување на компаниите со новите промени. Трговците објаснуваат дека состојбата со коронавирусот ја отежнала работат во тој период и го намалила капацитетот на вработените.

Дел од компаниите тврдат дека веќе ги обезбедиле неопходните резерви, а дел побараа и максимален рок од 6 месеци за да се усогласат

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе