РКЕ: Горивата поевтинуваат за 2 до 3,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,80%. Притоа цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 денари/литар, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,00 денари/литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 3,00 денари/литар.

Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по 90 денари/литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 по 92 денари/литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 90 денари/литар.

Малопродажната цена на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе биде 87,5 денари/литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,557 ден/кг и сега ќе изнесува 52,786 ден/кг.

 

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе