РКЕ ги намали цените на нафтените деривати за 5,28%

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,28 oтсто. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,016 денар/килограм и сега ќе изнесува 38,527 ден/кг.

Од полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС 95 -  71 (денари/литар);

Моторен бензин Еуросупер БС 98  - 73 (денари/литар);

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) - 63,00 (денари/литар);

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 62,50 (денари/литар);

Мазут М-1 НС - 38,527 (денари/килограм).

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 8,896%, кај дизелот за 8,559 %, кај екстра лесното масло за 8,364 % и кај мазутот намалување е за 8,599%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,599 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе