РКЕ: Бензините поевтинуваат за еден денар

Малопродажните цени на нафтените деривати од денеска на полноќ се зголемуваат во просек за 0,4 отсто, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за еден денар за литар, а малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и  на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,780 ден/кг.

Максималните цени на нафтените деривати од полноќ ќе изнесуваат:

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС - 95          72,00    (денари/литар)

Моторен бензин                   ЕУРОСУПЕР БС -98            74,00   (денари/литар)

Дизел гориво                         ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)     63,00    (денари/литар)

Масло за горење                   Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)         65,00   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                      39,780 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување само кај бензинот за 3,175%, додека кај останатите е регистрирано зголемување и тоа кај дизелот за 1,873%, кај екстра лесното масло за 1,964% и кај мазутот за 1,141%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,722 % .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28 септември. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе