По соопштението од Макпетрол

РКЕ: Само Макпетрол достави податоци

Со донесената Одлука за густини и маржи на нафтените деривати се отсликува реалната состојба на пазарот на нафтени деривати и доколку Регулаторната комисија за енергетика постапеше по барањата на трговците за зголемување на маржата, тоа ќе значеше зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во износ од над 2 денари по литар“, се вели во реакцијата од Регулаторната комисија по соопштението од Макпетрол.

„Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја известува јавноста дека пред да биде донесена Одлука за густини и маржи на нафтените деривати во текот на месец август од страна на поголемите трговци беа доставени одделни барања за промена за зголемување на маржата кај одделни нафтени деривати. Единствена причина поради која беа поднесени барањата за зголемување на маржата е за да им се врати ликвидноста која им е ослабена поради намалената потрошувачка на нафтените деривати. Од страна на компанијата Макпетрол АД Скопје беше доставена споредбена анализа за трендот на потрошувачката од првите месеци од 2020 во споредба со истиот период од 2019 година. Од страна на другите компании немаше доставено анализа, само доставија барање за зголемување на маржата кај одделни нафтени деривати. РКЕ ги разгледа сите барања и согласно своите законски надлежности закажа консултативен состанок со сите баратели во август 2020 година. На состанокот беа дискутирани барањата и од страна на РКЕ на компаниите им беше побарано да се достават анализи кои ќе ги поткрепат нивните барања. До моментот на носење на одлуката, анализи не беа доставени", реагираат од Регулаторната комисија по денешното соопштение од Макпетрол.

Инаку, со донесената Одлука за густини и маржи на нафтените деривати се отсликува реалната состојба на пазарот на нафтени деривати и доколку РКЕ постапеше по барањата на трговците за зголемување на маржата, тоа ќе значеше зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во износ од над 2 денари по литар, се додава во реакцијата.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе