Ристо Јаневски: Како еден менаџер се справува со секојдневните основни предизвици

Не познавам менаџер кој се занимава само со креативната работа, туку степенот на успешност со кој еден менаџер ја врши својата работа е секогаш во комбинација со неговата организираност да се справи и со останатите предизвици, вели д-р Ристо Јаневски, ментор на Програмата за развој на мали и средни бизниси на Стопанската комора на Македонија.

Во интервјуто за Плусинфо.мк тој  зборува за она што ќе го добијат слушателите на предавањата во рамки на Програмата за мали и средни бизниси што ја организира Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања кој е еден од четирите совети неодамна формирани од Стопанската комора на Македонија. Целта на овие нови коморски тела е да се отворат перспективи за иновации, знаења и развој на нови услуги и институции кои се од директна корист за компаниите. Обуката започнува на 9 декември а ќе трае до почетокот на јуни 2022 година. Предавачи се 30-тина реномирани претставници од бизнис секторот, академската и научната фела кои ќе пренесат практични искуства.

Осумте модули од оваа Програма треба да го поткрепат слушателот со една општа менаџерска култура која треба да ја има современиот менаџер. Слушателите ќе се стекнат со знаење и вештини потребни за секојдневното тековно работење на компанијата.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе