Рилакс кредит од Халкбанк со „релаксирани“ услови до 15 декември

Халкбанк излезе во пресрет на потребите на населението за задоволување најразлични потреби со што поповолни банкарски услуги и го креираше Рилакс (Relax) ненаменскиот потрошувачкиот кредит со животно осигурување за кој, во промотивниот период до 15 декември, камата е 5% фиксна во првите две години и истиот е со 0% трошоци за обработка и предвремена отплата.

Максималниот износ на кредитот е до 1.200.000 денари, а предвидениот рок на отплата е до 120 месеци со што корисниците добиваат можност релаксирано, во подолг временски период, да го отплаќаат кредитот кој може да го користат за задоволување на најразлични тековни потреби, но исто така и за рефинансирање на постоечки кредити од други банки.

Полисата за животно осигурување од Кроациа осигурување – Живот АД Скопје, пак, за кои Халкбанк е лиценциран застапник, овозможува заштита на имотот од последица на несреќен случај, но дава и сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

За Рилакс потрошувачки кредит со животно осигурување може едноставно да аплицирате онлајн, од компјутер, лаптот или мобилен телефон при што е потребно само да ја внесете висината на месечните примања и контакт податоците, по што ќе ве контактира вработен во банката кој детално ќе ве води кон следните чекори. Но исто така, може да се аплицира и во најблиската филијала на банката. Пред аплицирањето, со кредитниот калкулатор, можете да проверите колкава ќе ви биде висината на ратата за бараниот износ и рок на отплата.

Кај Рилакс ненаменскиот потрошувачки кредит со животно осигурување, во промотивниот период  до 15 декември не се наплаќа провизија за обработка. Исто така, сите корисници на кредитот, во случај на негова предвремена ликвидација, нема да имаат обврска за плаќање провизија. Единствени трошоци за кредитот се  наплата на 350 денари за проверка на кредитната историја во Кредитно биро и 150 денари за апликација, но истите се наплаќаат само ако кредитот е одобрен, пред неговата исплата. За одбиени или откажани барања не се наплаќа надоместот. Висината на трошокот на полисата за животно осигурување е во зависност од тарифата на Кроациа осигурување – Живот АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот.

Сите информации за Рилакс ненаменскиот потрошувачки кредит со животно осигурување кој во промотивниот период до 15 декември е со 5% фиксна каматна стапка за првите две години и 0% трошоци за обработка и предвремена отплата  може да ги добиете на следниов линк.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе