Прес-конференција на отворено пред комби - лабораторија

Резултатите за мазутот во вторник, деновиве неколку цистерни биле вратени од граница

Aко во изминатиот период два пати била употребена мобилната лабораторија за контрола на нафтени деривати, денеска со ова возило беа посетени три бензински пумпи од кои за проверка на квалитетот се земени примероци од бензин и дизел гориво. На прес-конференција одржана пред комби - лабораторијата  во сопственост на Бирото за метрологија, министерот за економија Крешник Бектеши, во врска со тврдењата дека имало увоз на отровен мазут, рече дека се вратени неколку цистерни со мазут, но дека целосни резултатите од контролите на институциите ќе бидат добиени во вторник.

„Мазутот се тестира во други акредитирани лаборатории. Контролите во делот на мазутот се завршени од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и веќе се вратени неколку цистерни. Не би сакал да навлегувам во имиња на компании на кои се вратени. И во внатрешноста на нашата држава се констатирани нерегуларности и е постапено од ДПИ. Јас веќе наведов дека до вторник сите инститиуции имаат надлежност да достават информација до Владата и согласно тие информации ќе се постапи. Да почекаме до вторник", одговори Бектеши.

Инаку од денеска Државниот пазарен инспекторат, кој е орган во рамки на Министерството за економија, започна со засилени вонредни контроли на течните деривати со користење на мобилната лабораторија и тоа при влезот во државата и во внатрешниот пазар, односно малопродажбата, информира Бектеши.

„Заедно со Пазарниот инспекторат во наредниот период ќе започнеме со засилени контроли на терен за квалитет на сите видови нафтени деривати во државната мобилна лабораторија. Решени сме преку засилени контроли да избегнеме можни манипулации со квалитетот на горивата кои што се користат во нашата земја. На тој начин не само што ќе се заштитат потрошувачите од манупиулации со квалитет на горивата, туку ќе се заштити и животната средина. Како што најавивме, во моментот заедно со вицепремиерот Николовски ги собираме сите информации за дистрибуција на сомнителен мазут. Крајниот рок кој им го дадовме на институциите е следниот вторник кога очекуваме дека ќе ги имаме сите информации за евентуалните злоупотреби на увоз на опасен мазут во нашата земја. Доколку не се реализирани сите процедури согласно правилникот за квалитет на течни горива и процедурите за увоз на нафтени деривати, документите ќе им ги предадеме на Јавното обвинителкство", рече Бектеши.

Тој нагласи правилникот за квалитет на горивата е целосно усогласен со директивите на ЕУ. Тоа е потврдено и од енергетската заедница, каде што освен квалитет на сулфурот, како карактеристика треба да се анализираат и други параметри согласно македонскиот стандард (МКС Х430) и истакна дека нема да има компромис кога во прашање се животната средина и здравјето на граѓаните.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска рече дека заради потребата од согледување на состојбите поврзани со квалитетот на горивата за транспорт кои се пласираат на пазарот Инспекторатот во соработка со Бирото за метрологија, преку користење на Мобилната лабораторија започна со вршење на вонредни иснспекциски надзори на бензиските станици каде се врши промет на мало со моторен бензин и дизел гориво. Денеска до овој момент веќе се извршени три инспекциски надзори кои продолжуваат.

„Денешните надзори се само почеток на вонредни инспекциски надзори и ќе бидат дел од приоритетите на нашата работа во наредниот период и ќе бидат спроведени на територијата на целата држава. Вршењето на инспекциските надзори од страна на инспекторите се во насока на контрола на квалитетот на горивата односно моторниот бензин и дизел горивото за што Мобилната лабораторија е акредитирана. Анализите се однесуваат на својствата на горивата пропишани со правилникот. Во план е овие контроли со мобилната лабораторија и во соработка со ЦУ да се вршат на влез на горивата во нашата држава, односно на нашата граница со цел да спречиме влез на несоодветен квалитет на горива во внатрешниот пазар", рече Симеска Димоска.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе