Државен завод за ревизија

Ревизорите се воздржуваат од оценка за објективноста на состојбата во Пошта

Приходите од поштенските услуги кои се извршуваат на цела територија на Македонија не се уверивме дека се целосно прикажани во финансиските извештаи. Се воздржавме од давање мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2018 година и изразивме неповолно мислење за усогласеност на активностите, на финансиските трансакции и информации со законската регулатива, упатства и воспоставени политики, се вели во дел од заклучоците на Државниот завод за ревизија за завршената ревизија на АД Пошта за 2018 година.

„На голем корисник за резервирани поштенски услуги за кои АД Пошта има ексклузивитет и гарантирана цена со Закон, одобрена е цена со попуст од 50 отсто со поединечна одлука на Управниот одбор.... Утврдено е дека сѐ уште не е завршена поделбата на имотот помеѓу АД Пошта и Македонски телеком која е започната 2000 година....

Препорачано е тоа со МТ да се заврши, правилникот за големи корисници да добие согласност од Агенцијата за пошти со цел да се потврдат посебните цени од регулаторот и се препорачува апликативно решение за процесите кои се однесуваат на поштенското работење, се вели во соопштението на Државниот завод за ревизија.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе