Анализа на работата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување

Ревизијата констатира бројни слабости во работењето на ПИОМ

Ревизорите констатираат слабости во системот на интерни контроли во процесот на остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување и процесот на исплата на пензиските примања, потоа изразија мислење со резерва во прикажаната финансиска состојба на Фондот и констатираа недостиг од обучен и стручен кадар. „Нарушено е и се доведува во прашање остварувањето на личните и материјални долгорочни права на дел од осигурениците кои немаат механизми за докажување на платен придонес за одреден период во осигурување“, велат ревизорите.

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување за 2019 година. Ревизорите изразија мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики за 2019 година.

„Ревизорите со извршената ревизија констатираат слабости во системот на интерни контроли во процесот на остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) и процесот на исплата на пензиските примања, во кој не се обезбедени целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените вклучени во процесите со ризик од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО и од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право“, велат од Државниот завод за ревизија.

Во соопштението се наведува дека утврдени се слабости во делот на недостиг на стручен и обучен кадар за изготвување актуарски анализи за состојбите во пензискиот систем, ИТ кадар за поддршка на постојните процеси, внатрешната ревизија функционира без утврдениот законски минимум што влијае на можноста раководството да преземе активности за подобрување на работењето и недоволната екипираност на Комисијата за оцена на работната способност со лекари специјалисти влијае на квалитетно и навремено донесување на наод, оцена и мислење, врз основа на што се остваруваат права од ПИО.

„Забележани се слабостите во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција што го оневозможуваат потврдувањето на веродостојноста и целосноста на регистрираните податоци, потребни за остварување на правата од ПИО. Исто така, нарушено е и се доведува во прашање остварувањето на личните и материјални долгорочни права на дел од осигурениците кои немаат механизми за докажување на платен придонес за одреден период во осигурување“, се наведува во соопштението.

Од Државниот завод за ревизија додаваат дека забележани се и слабости во нераспоредени средства во износ од 142 милиони денари што Фондот не може да ги користи, а осигурениците не можат да ги остварат правата од ПИО. Како слабост се наведуваат и недоволните механизми за присилна наплата на утврдените штети поради неоснована исплата на пензии за кои се евидентираат побарувања од граѓани и нискиот процент на поврат на повеќе исплатените средства, што упатува на неизвесност за наплата на истите во наредниот период.

Во извештајот се споменува и недоволниот степен и интензитет на дигитализирање и електронско архивирање на документите од микрофилмските ленти во изминатиот период, што влијае на рационалното искористување на средствата.

„Приходите од наплатен придонес за ПИО во 2019 година се зголемени за десет проценти во однос на претходната година, на што значајно влијание имаат измените на Законот за ПИО од декември 2018 година и по основ на вратени придонеси со принос од приватните пензиски друштва“, покажуваат анализите од извештајот.

Според Државниот завод за ревизија, оствареното зголемување на приходите во 2019 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции кои исто така бележат раст од година во година кои се однесуваа на исплата на пензиските примања за вкупно 333.722 корисници на пензиски примања и се за 6,7 отсто повисоки во однос на 2018 година.

„За покривање на дефицитот на средства за исплата на пензии во 2019 година трансферирани се средства од Буџетот на Република Северна Македонија во висина од 28 милијарди денари кои во вкупните приходи на Фондот учествуваат со 37 проценти“, се наведува во соопштението.

Од друга страна, од Државниот завод за ревизија додаваат дека ревизијата во континуитет ги истакнува слабостите на воспоставениот систем за утврдување, контрола и наплата на придонес кој од 2009 година се врши од страна УЈП без да биде обезбедено целосно ажурно и точно интегрирање и навремена размена на податоци од институциите.

Од таму додаваат дека поради наведеното Фондот нема целосни и прецизни податоци за побарувањата по основ на неплатен придонес од ПИО ниту има надлежност за наплата на истиот, што влијае на комплетноста на приходите и на остварувањето на правата од ПИО на осигурениците за кои не е платен придонесот.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе