„Во последниот месец Инспекторатот на Република Српска, по редовна контрола, го забрани увозот на три пратки на месни производи“, пишува во соопштението од Инспекторатот што го пренесе агенцијата Ксинхуа.
Инспекторатот објаснува дека кај трите пратки со чадено пилешко филе од Македонија и салами увезени од Хрватска, по анализата било утврдено дека содржат помалку протеини отколку што било пропишано.
Анализираните месни продукти не ги задоволувале пропишаните услови и инспекцијата ги забранила, заштитувајќи ги правата на потрошувачите и домашниот пазар. Инспекторатот уште најавил дека ќе ја засили контролата и микробиолошкото испитување на примероци на месни продукти.