Реновирана и модернизирана бензинската станица на „Макпетрол“ на влезот во Прилеп

„Макпетрол“ АД продолжува.да инвестира во обнова на своите бензински станици како и изградба на нови, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти.

Бензинската станица на влезот во Прилеп доби современ и функционален изглед, задоволувајќи ги највисоките пропишани технички и безбедносни нормативи. Достапност кон квалитетните производи и услуги потрошувачите имаат во текот на 24 часа, секој ден во неделата.

Вкупната инвестиција за реконструкција на оваа бензинска станица изнесува над 80 милиони денари. На бензинската станица се достапни сите квалитетни горива од фамилијата ULTRA на „Макпетрол“, вклучувајќи ги метанското гориво и течниот нафтен гас за возила, а во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман, соопшти компанијата.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе