Рекордна Џокер добивка од 4,3 милиони денари

Велигденското коло, второ по ред од почетокот на приредување на играта Лото 7, донесе ново изненадување. Овој пат, главниот збор го имаше играта Џокер.

Премијата изнесува 4.351.944 денари, а според податоците од системот, добиена е со уплата на само еден Џокер, во вредност од 20 денари. Уплатата е извршена на продажното место ТОЛАКС – КИОСК М, на плоштад Македонија во Скопје.

Очигледно е дека се работи за лото играч, бидејќи нашиот Џокер добитник, на истото ливче одиграл 10 комбинации Лото 7, а само еден Џокер.

Од почетокот на приредување Лото и Џокер, ова е најголемата Џокер премија.

Во првото коло од Лото 7 беше добиена најголемата премија за добивка до 6 погодоци, а веќе во второто коло добиена е и најголемата Џокер премија.

Фондот за Џокер со 6 погодоци е со гарантирана сума од 600 илјади денари

Во играта Лото 7 се игра за премија вредна од околу 29 милиони денари, соопшти Државна лотарија.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе