Рекорден број на апликации во Фондот за иновации

Во споредба со лани, годинава на повикот за комерцијализација на иновации Фондот за иновации и технолошки развој доби 487 или два пати повеќе апликации, изјави Јован Деспотовски, директор на Фондот.

„Оваа бројка на апликации се однесува само за еден инструмент за разлика од лани кога беше вкупна за четири инструменти. Ова е прв јавен повик што го реализираше Владата заедно со Светска банка со комбинирани средства. Досега програмите беа одвоени. До 2017 година беа исклучиво од Светска банка, а од лани стартувавме со план од економски раст кој го реализираше Владата“, рече Деспотовски.

Вкупниот планиран обем на инвестиции од инструментот за комерцијализација што ги доставија фирмите беше околу 105 милиони евра. Од нив 70 беа побарувани од Фондот, а 35 милиони од сопствено кофинансирање на компаниите. Во процесот на евалуација, бројките се менуваат, согласно препораките за реструктуирање на буџетите што ги дава Комитетот и намалување на одредени ставки.

„Во моментов, во просек, од целото наше портфолио од 40-тина милиони евра, односот на кофинансирање е 55:45. Тоа значи дека речиси за секое евро што го дава државата компаниите вложуваат свое евро“, вели Деспотовски.

Избрани се 30 компании кои ќе добијат 5 милиони евра. Со новиот новиот ребаланс на Буџетот се очекува зголемување на таа сума на 12,5 милиони евра, со што и бројот од сегашните 30 ќе се зголеми на 75-80 компании.

„Од наша страна до Владата доставивме барање за проширување на износот на средства, а сѐ со цел да се излезе во пресрет на поголем број апликанти, кои во принцип се домашни компании и имаат доставено квалитетни проекти. Јас очекувам, ако Владата го одобри нашето барање, бројката да се зголеми на 75-80 компании“, изјави директорот Деспотовски.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе