Со пуштање во функција на новата течна фарбара се заокружува процесот на инвестиции од над 250 илјади евра во погони на Одделот за финална обработка на метал кои вклучуваат механичка подготовка и површинско чистење, пескарење, сачмарење, рачна обработка со брусење и нанесување на завршен заштитен слој.
Освен течната фарбара, инвестициите опфаќаат изградба на нов погон за прашкасто фарбање и поврзување со автоматска фарбара, реновирање на погон за нова мануелна сачмара и изградба на погон за линиска сачмара.

Целта е поедноставување на завршните процеси на обработка на металните конструкции и елементи, пред тие да бидат вградени во крајниот производ.
Брако континуирано инвестира во унапредување на условите за работа и во технолошките процеси, ефективноста и ефикасноста во процесот на обработка на металот.